Мицкоски не го осуди тепањето на Данела

July 12, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски не го осуди тепањето на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот кој се случи вчера во Чаир. 

„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече Мицкоски.

Арсовска вчера ја информираше јавноста дека при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, била нападната, прво вербално, а потоа и физички, пред припадници на МВР.

Градоначалничката на Скопје, Арсовска ова утро со нова порака до власта. На својот фб профил ја обвини власта дека се договриле вчера да кажат дека таа го нападнала мажот во Чаир.

Ги прашува властите дали имаат срам. 

„Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата „шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК”. Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од „сигурни” разузнавачки извори. Срам имате ли, заедно со вашите сакани команданти од ОВК?“, пишува таа. 

Вчера маж ја нападна Арсовска во Чаир поради тоа што реагира за дивоградбите. Мажот упатил закани дека ќе ги убие нејзините најблиски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Турција откако терористичката група ПКК го положува оружјето

Следно

СО НАД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ ГО САНИРАШЕ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ ГОДИНИ ЗАПУШТЕН

Latest from Blog

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде,

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат
Go toTop