Силен земјотрес во близина на Закинтос

July 11, 2025
1 min read

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.

По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

Следно

Вкупно 32 пожари во Македонија

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop