Милчо Манчевски почнува да го снима својот осми филм – „Збогум, Копакабано“

July 11, 2025
3 mins read

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), за кој Манчевски вели дека бил незаконски забранет речиси три години.

Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на привилегии на богатите. Иако се случува во современа Македонија, филмот содржи и универзален коментар, размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

„Збогум, Копакабано“ е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје.

Мотото на филмот е: „Брат, сестра и шахта“.

„Ова е филм за сестринска љубов и саможртва, за богати и сиромашни, за добри и лоши, за слепи и окати. Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме“, вели Манчевски. Тој додава: „Со оваа екипа и со овие глумци се чувствувам како со вистински рамноправни партнери во создавање парче уметност, нешто што ќе остане и што ќе се памети“.

Освен Агенцијата за филм, филмот го помогнаа и националните филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија. Македонски компании и културни институции, кои несебично го поддржаа проектот се Дајнерс клуб, Тиквеш, Витаминка и Окта, како и Пелистерка, Специјал, Такси Глобал, Хотел Арка, Саманта, Мај принт, Македонскиот народен театар и Види Вака.

Филмот ќе се снима со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје.

„Кога застанавме пред скопскиот Аквадукт, знаевме дека тоа е местото за нашата Копакабана. Во соработка со Управата за заштита на културното наследство и Конзерваторскиот центар – Скопје, иконичната глетка, која ова место ја нуди, сега ќе биде запечатена на филм. Верувам дека интересот за ова историско место уште повеќе ќе заживее по филмот.“, вели продуцентот Ќортошев.

Главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, како и Калина Наумовска, Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Сара Панковска, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е искусниот Стефано Фаливене од Италија. Кастинг директорка на филмот е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката на Бистра Кечиџиева. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

 Сара Климоска ја игра главната улога, Малина. Таа вели:

„Ќе беше интересно филмот да ни е шпанска сапуница и ќе знаевме точно кои се лошите и добрите ликови. Во овој филм, секој лик е комплексен и повеќеслоен, како и во животот. Сепак, публиката ќе креира свои видувања, доживувања и расудувања за ликовите. Не би можела да ја одиграм Малина без да ја сакам и без да си ги оправдам сите нејзини постапки, размисли и емоции“. 

Улогата на Виктор, братот на Малина, ја игра Филип Трајковиќ. Виктор е комплексен човек. Тој е и момче со интелектуална попреченост. Вакви ликови претходно успешно играа Леонардо Ди Каприо, Дастин Хофман, Шон Пен, Џон Малкович…

„Голема одговорност е ова. Ваква улога е една од најпосакуваните во кариерата на еден актер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на Милчо“, вели Филип.

Италијанскиот кинематогафер Стефано Фаливене, кој за првпат соработува со Манчевски, има работено со бројни режисерски великани, меѓу кои и Абел Ферара, Амос Гитај, Уберто Пасолини и Деклан Донелан, а има соработувано и со Мартин Скорсезе, Тери Гилијам, Ридли Скот и Сергеј Бондарчук. На прашањето кој е најзабавниот и најсмешен режисер со кого соработувал досега, рече:

„Без двоумење – Тери Гилијам. „Барон Минхаузен“ беше исклучително сложен филм, преполн со финансиски предизвици, но Тери секогаш успеваше да внесе малку „лудило“ на сетот – во најпозитивна смисла на зборот“, вели Фаливене.

Петар Мирчевски по седми пат ќе игра во филм на Манчевски, овој пат, како Наќе Топузовски, кој мисли дека личи на Бред Пит, иако сите му велат дека е копија на Дени ДеВито. На прашањето како ќе успее да заличи на Пит, Пепи изјави:

„Не знам. Бред Пит постојано ми се јавува и ми вели: „Пепи, сите викаат дека многу личам на тебе““.

Актерката Соња Михајлова го игра комплексниот лик на Тодора, белокоса госпоѓа, луцидна, непредвидлива и мистериозна. За тоа како го градеше ликот, таа вели:

„Тодора е лик чии карактерни особини можам да ги препознаам и кај себе и кај мајка ми и баба ми… па дури и кај моите помлади колеги Сара и Филип. Безвремена е“, вели Соња.

Дејан Лилиќ, пак, го игра д-р Миле Зец, син на Тодора. Дрзок, арогантен и самобендисан. Лилиќ вели: 

„Наоѓам делови, сегменти и реакции од Зец во други луѓе околу нас. Можеби тоа им е начин полесно да преживеат. Не им завидувам. Ниту пак имам желба за таков живот. Како да му завидуваш на човек кој си го пропушта животот?!“, вели Лилиќ.

Долгогодишниот соработник на Манчевски, дизајнерот на продукција Дејвид Манс, вели дека избраните локации низ Скопје за овој филм ја отсликуваат визуелната структура на градот, ама и социјалните слоеви, контрастот меѓу животот на сиромашните и оној на богатите: 

„Во срцето на приказната се ликовите и односите меѓу нив — сестра/брат, мајка/син, оние што имаат и оние што немаат, тие што имаат моќ и тие што се немоќни. Сето ова е вградeно во сценографскиот дизајн на филмот, кој служи како визуелен израз на приказната“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НЀ ПРИКАЖУВАМ ПОДОБРИ ОД ШТО СМЕ, РЕЧЕ МАНЧЕВСКИ ПРЕД СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ФИЛМ „ЗБОГУМ, КОПАКАБАНО“

Следно

ВИДЕО: Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција – извршени проверки на 531 локација низ државата

Latest from Blog

Американскиот претставник ги повика ПКК/ЈПГ брзо да се интегрираат за да се избегнат проблеми со Турција и Сирија

– Шерифе Четин Амбасадорот на САД во Анкара и специјален претставник за Сирија, Том Барак, предупреди дека ако терористичката организација ПКК/ЈПГ не го забрза процесот на интеграција, ќе наиде на проблеми со

СО НАД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ ГО САНИРАШЕ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ ГОДИНИ ЗАПУШТЕН

После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени

Мицкоски не го осуди тепањето на Данела

Премиерот Христијан Мицкоски не го осуди тепањето на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот кој се случи вчера во Чаир.  „Државата има институции,

Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Турција откако терористичката група ПКК го положува оружјето

ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го оцени разоружувањето на терористичката група ПКК како историски пресврт и соопшти дека Турција влегува во нова ера на единство и сила, известува
Go toTop