Браќа од Батинци со нож избоделе едно лице, а потоа со пиштол го тепале по главата

March 4, 2023
1 min read

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа од Батинци за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. 

Како што информираат од Јавното обвинителство, двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице.

-Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него. Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат на оштетениот. Тој почнал да бега, но двајцата осомничени го стигнале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата. Кај сведоците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор​.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски за надзорот на коридор 8: Владата потпиша договор со шпанската Ептиса за која самите рекоа дека е криминална

Следно

Марвел ги чува новите заплети како нуклеарни кодови

Latest from Blog

Турскиот претседател ги повика Азербејџан и Русија да покажат воздржаност поради тензиите

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика Русија и Азербејџан да покажат воздржаност поради зголемените тензии меѓу двете земји, истакнувајќи дека Анкара има „длабоки и стратешки врски“ и

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во
Go toTop