Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

July 11, 2025
2 mins read

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска нејзиниот бранител, адвокат Јовица Страшевски до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Одбраната, пред почетокот на денешното рочиште, достави дополнение на докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството.

Адвокатот на Нино Васев, до Судот доставил дополнителен доказ, со кој, како што наведе, се докажува дека лицето Маја Радник, нема статус на лице судски вештак во Словенија. 

-Сметам дека доказите обезбедени од Обвинителството кои се однесуваат на вештачење од Словенија треба да бидат издвоени и да не бидат ценети во постапката, реагираше адвокатот.

Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, на тоа наведе дека Обвинителниот акт ја поминал процедурата за оцена и нејасно е зошто ова не било акцентирано во тој дел.

-Во конкретниот случај е обезбедена замолница до Србија и Словенија со што е обезбедена законитост на доказите. Не се спори содржината на вештачењата туку процедурата. Сметам дека ваквите наводи на одбраната се беспредметни, дотолку што се поминати во фаза на оценка на обвинителен акт, изјави обвинителката Гоговска Јакимовска.

Судијката Снежана Марковска, која го води случајот, го прифати барањето за одлагање на денешното рочиште поради отсуството на второобвинетата, а со цел, како што наведе и Судот да се запозна со барањата на одбраната за отфрлање на дел од доказите, прибавени од Обвинителството. 

Според обвинението, првообвинетиот, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија. 

Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.

Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство,  без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Во случајот „Онкологија“, обвинителство поднесе уште едно обвинение кое се уште е на оценување во Кривичниот суд, и се однесува за економското работење на Клиниката, во кое првообвинет, исто така, е поранешниот директор Васев, заедно со поранешниот економски директор на Клиниката. Двајцата директори се обвинети за злоупотреба на службена положба, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година, при што со незаконски постапки за набавка на лекови му нанеле штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари. На Васев и Нухи, за овој случај им беше определен 30 дневен притвор на 20 јуни годинава.

Во обвинителниот акт стои дека тие, спротивно на законите и без валидна документација, овозможувале исплати од Фондот за здравствено осигурување, со што добавувачите прибавиле корист од над 430 милиони денари. Дополнително, медицинскиот директор фиктивно раздолжувал лекови и присвоил дел од нив, со што лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Турција ги отфрла сите изјави со кои се негира геноцидот во Сребреница, и покрај пресудите на Меѓународниот суд

Следно

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop