Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник

July 11, 2025
1 min read

Во Галичник на амфитеатарот на чешма Упија, вечер во 21 часот ќе биде изведена премира на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“, во чест на 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на Пулески – основоположник на македонистиката во 19 век. 

Монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е инспирирана од неговиот живот посветен на борбата со зборот како оружје. Текстот е напишан од Миле Бошњаковски на мијачки дијалект, еден од неговите автентични говори на македонскиот јазик.

Режисер на монодрамата е Бојан Трифуновски и ќе ја изведе актерот Рубенс Муратовски. Музичката подлога, инспирирана од традиционална композиција „Ветер да подујне“, ја подготви музичарот Нико Ѓоргиевски, а во живо ќе ја изведат заедно со Мајовци. 

– Со објавата на „Речник од три јазика“ пред 150 години, Ѓорѓија Пулески јасно, прецизно и со острина на галички камен го втемелува македонскиот јазик во лингвистичкото семејството на Балканот, Европа и целиот свет. Сеќавањето на Пулески и на неговото творештво кое е од исклучително значење за
македонскиот јазик, и тоа во неговиот роден Галичник, овој Петровден треба да биде „ехо“ кое ќе се пренесува во наредните векови, соопшти Месна заедница Галичник по повод премиерата. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Табановце за влез во државава се чека околу половина час

Следно

Обид за убиство во Битола, поведена истрага

Latest from Blog

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop