Балканот се бори со пекол и со студ

July 9, 2025
1 min read

Апокалиптични и траорни сцени доаѓаат од соседството. Србија и Хрватска под циклонска бура која со себе носела куќи, дрва и автомобили. Најпогоден е Сплит каде невремето предизвикало штета на стадионот на фудбалксиот клуб Хајдук и римскиот споменик на култура-Диоклецијановата палата, додека во Белград и Војводина е причинета значителна материјална штета, а регистрирани се и најмалку 3 повредени лица, затворен е и аеродромот Никола Тесла во Белград.  

Во последното деноноќие во Сплит се регистрирани 26 повредени, од кои двајца се во тешка клиничка состојба, а службите од Сплит потврдиле дека имале повеќе од 300 интервенции, и повеќе од 500 повици за помош од граѓани. 

Помеѓу граѓаните владее паника, голем дел од нив стравуваат од нови поплави поради новите најави за обилни врнежи кои ги принуди властите да издадат предупредувања и прогласат кризна состојба. 

А додека Белград и Војводина се соочуваат со циклонски бури,  тропски температури предизвикале пожари во  Крагуевац и Прокупље каде се регистрирани поголем број на пожари а еден од нив принудил жители на Крагуевац да ги напуштат живеалиштата, а градоначалникот прогласил вондредна состојба. Поради високите температури скоро цела недела е затворен за посетители и акрополот во Атина.  

Инаку,. покрај Балканот со катаклизма се соочува и сојузната држава Тексас во САД каде поради поплави и преливање на реката Гвадалупе се бројат стотици жртви.   

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје

Следно

Армијата излегува на терен – одлука на претседателката поради пожарите

Latest from Blog

Нетанјаху од Американците бара детали за преговорите со Иран- се плаши од преголеми отстапки

Според израелски извор запознаен со деталите, Нетанјаху се обидува да добие информации за напредокот на преговорите и да разбере кои опции се моментално на маса. Според истиот извор, Израел изразува загриженост за

Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

Во зградата на Македонската телевизија денеска официјално беше отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел

Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација
Go toTop