ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

July 8, 2025
1 min read

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која било управувано возилото, објави денеска шпанската Цивилна гарда.

Иако вештачењето сè уште е во тек, истражителите најавија дека одделно ќе ги анализираат „трагите оставени од едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината на возилото во моментот на несреќата била значително над дозволената на тој дел од патот.

Според прелиминарните информации, Диого Жота го управувал возилото во моментот на несреќата, која се случи ноќта меѓу 2 и 3 јули на автопат во покраината Замора, во северозападна Шпанија.

Дваесетиосумгодишниот Жота и неговиот три години помлад брат Андре, фудбалер на португалскиот второлигаш Пенафиел, починале на местото на несреќата пред да пристигнат службите за итни случаи.

Нивното возило, луксузен спортски автомобил „Ламборџини Хуракан“, кој според португалските медиуми бил изнајмен, излетал од патот, а потоа се запалил, соопшти Цивилната гарда.

Жота се ожени само десет дена пред несреќата со својата долгогодишна партнерка, со која имаше три деца.

Диого Жота и Андре Силва беа погребани во саботата во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

Следно

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop