Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

July 8, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу.

Тој бил тешко повреден во израелски напад во коридорот Нецарим и претрпел ампутација поради раните од шрапнели.

Младото палестинско момче е само едно од стотиците деца од Појасот Газа кои останале без делови од телото како резултат на континуираните израелски воздушни напади.

Мухамед сега живее со неговото семејство во шатор поставен во кампусот на Исламскиот универзитет во Газа.

Израелската војска од октомври 2023 година уби повеќе од 57.500 Палестинци во Газа, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја опустоши целата енклава, предизвикувајќи недостиг од храна и ширење на болести.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска: ЕУ има проблем со демократијата – Мицкоски очекува голем број пратеници да не го поддржат амандманот на Бугарија

Следно

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop