Браун нов тренер на Њујорк

July 8, 2025
1 min read

НБА лигашот Њујорк го назначи Мајк Браун за нов тренер на местото на Тим Тибодо кој беше отпуштен минатиот месец, откако прв пат во последните 25 години го однесе клубот во конференциско финале на Истокот.

Браун, 55, кој зад себе има две награди тренер на годината, доби отказ во Сакраменто минатиот декември по повеќе од две сезони. Претходно беше тренер на Кливленд (2005-2010) и Лос Анџелес Лејкерс (2011-2012) и има скор од 454 победи и 304 порази.

– По темелен и обемен процес на пребарување, со гордост објавуваме дека Мајк Браун е главен тренер на Њујорк. Мајк тренираше на најголемите сцени во нашиот спорт и носи шампионско педигре во нашата организација, изјави претседателот на Њујорк, Леон Роуз.

Браун освои четири НБА титули како помошник тренер со Сан Антонио (2003) и Голден Стејт Вориорс (2017, 2018 и 2022), а го предводеше Кливленд до финалето во сезоната 2006/07 во кое беше поразен од Сан Антонио.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Пожарите во Калифорнија се проширија на околу 34.000 хектари

Следно

Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop