Започнува јулското заседание на Европскиот парламент, на агендата е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за Македонија

July 7, 2025
2 mins read

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава.   

Дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за утре во доцните попладневни часови, а гласањето на европратениците по документот е предвидено за в среда.  

Покрај за извештајот за земјава, европратениците утре попладне ќе расправаат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина и Грузија, по кои исто така ќе се гласа в среда. 

Овонеделното заседание на ЕП ќе започне попладнево со церемонија за одбележување на 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, по што ќе следи дебата за предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување на недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. По предлог-иницијативата на Пипереа европратениците ќе се изјаснат в четврток. За да биде усвоена, иницијативата треба да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што нивниот број треба да е поголем од половина од вкупниот број членови на ЕП. 

По расправата по иницијативата на Пипереа, европратениците ќе го разгледаат Годишниот извештај за работата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за 2024 година и ќе дебатираат за безбедноста на производите што се увезуваат во ЕУ преку сајтовите за е-трговијата и за Акцискиот план на Унијата за деинституционализација и семејна и општествена грижа. 

Утре заседанието ќе започне со дебата за односите меѓу Европската Унија и Кина, во чии рамки ќе се расправа за претстојниот Самит ЕУ-Кина и за можностите за справување со кинеските ограничувањата за извозот на ретки суровини. Од оваа дебата треба да произлезе резолуцијата по која европратениците ќе треба да гласаат в четврток. 

Во продолжение на утрешното заседание данската премиерка Мете Фредериксен пред европратениците ќе ги презентира приоритетите на Данското претседателство со Советот на ЕУ во втората половина од годинава.   

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија, кој по гласањето ќе има форма на резолуција, што не е правно обврзувачка.

Во терминот за гласање утре европратениците, меѓу другото, треба да се изјаснат за предлогот за прием на Бугарија во Еврозоната, за резолуцијата за „одржување на сеќавањето на жртвите од повоениот комунистички период во Словенија“, за извештајот за спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите во земјите членки на ЕУ, за планот за складирањето на гас пред следната зимска сезона и за извештајот на ЕИБ за 2024 година. 

Попладневната сесија утре ќе започне со дебати за предлог-мерките за хемикалии, за измените на Европскиот закон за климата поврзани со новите климатски цели за до 2040 година и за состојбата на Блискиот Исток и во Белорусија, по што ќе следуваат расправите по извештаите за земјите кандидати за членство. 

Седницата в среда ќе започне со клучната дебата на овонеделната сесија во чии рамки европратениците ќе расправаат со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и со претседателката на ЕК, Фон дер Лајен за резултатите од Самитот на ЕУ одржан на 26 јуни. 

По ова, Фон дер Лајен и европратениците ќе дебатираат за приоритетите на Европскиот парламент за Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ (МФФ) за по 2027 година. 

За на пладне е закажан терминот за гласање во чии рамки покрај за извештаите за државите кандидати за членство, европратениците треба, меѓу другото, да се изјаснат и за измените на регулативата за дефорестација, за исплата на помош за настраданите од ланските поплави во Австрија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Полска, Словачка и Чешка, за извештајот за имплементација на Целите за одржлив развој и за „хуманата цена на војната на Русија против Украина и итната потреба за прекин на руската агресија“. 

По гласањето, седницата ќе продолжи со тематска дебата за изработка на закон на ЕУ против дискриминацијата и за одбрана на основните права, по што ќе следуваат расправи и за трговските преговори меѓу ЕУ и САД, за подготвеност на Унијата за справување со пожари и суши во претстојната летна, за заштита на верските малцинства во Сирија, како и дебата насловена „51 година по турската инвазија на Република Кипар“. 

На последниот ден од овонеделното заседание в четврток европратениците ќе расправаат за Заедничка земјоделска политика на ЕУ по 2027 година, за граѓанската иницијатива „Политика на кохезија за еднаквост на регионите и одржливост на регионалните култури“ и за јазот во здравјето меѓу половите. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Трите големи пожари во Албанија ставени под контрола, помогнаа и грчки канадери

Следно

Уапсени три лица од Куманово, се барале со потерница

Latest from Blog

Северна Кореја тестира хиперсонични ракети: Може да ја избегне воздушната одбрана

Северна Кореја се пофали со успешно тестирање на „нов, најсовремен систем на оружје“ што вклучува хиперсонични ракети како дел од одбранбената програма за зајакнување на стратешкото одвраќање од непријатели. Двете хиперсонични ракети

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ ДЕЦА ВО ДУШАТА: Нивната разиграност никогаш не бледнее

Во астрологијата, постои идеја дека одредени знаци имаат поголема веројатност да се поврзат со своето „внатрешно дете“. Ова значи дека иако може да бидат одговорни и зрели однадвор, тие имаат незаситлива желба

Сиљановска Давкова: Немаме друга татковина, освен онаа на македонските револуционери, должни сме да ја сочуваме

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката таа вели дека ова е ден кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска

Орце Ѓорѓиевски: Ќе ставиме крај на нефункционалноста на „Комунална хигиена“

„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо!“ – со овие зборови кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им се обрати на граѓаните во раните утрински часови, истакнувајќи дека тој и неговиот

„Илинден“-Тирана: Денот на револуционерната борба е еден од трите светли датуми на македонската државност

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина.
Go toTop