Костовски: Две лица фатени при оштетување на новата детска градинка во Бутел (ФОТО)

July 7, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека полицијата фатила на дело две лица додека се обидувале да ја оштетат и да ја исечат новата ограда на детската градинка која неодамна е изградена во населбата Бутел 1.

Костовски изрази огорченост за овој неодговорен чин и му се заблагодари на новиот командир на полициската станица во Бутел за брзата и ефикасна реакција.

Тој по овој повод упати апел до граѓаните да ги чуваат новите јавни инвестиции, нагласувајќи дека „Општина Бутел се менува и овие инвестиции треба да ги зачуваме за нашите деца“.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно расчистување на случајот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јулска сесија на Европарламентот, меѓу темите на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

Следно

Трите големи пожари во Албанија ставени под контрола, помогнаа и грчки канадери

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop