Јулска сесија на Европарламентот, меѓу темите на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
1 min read

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава.   

Дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за утре во доцните попладневни часови, а гласањето на европратениците по документот е предвидено за в среда.  

Покрај за извештајот за земјава, европратениците утре попладне ќе расправаат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина и Грузија, по кои исто така ќе се гласа в среда. 

Овонеделното заседание на ЕП ќе започне попладнево со церемонија за одбележување на 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, по што ќе следи дебата за предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување на недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. По предлог-иницијативата на Пипереа европратениците ќе се изјаснат в четврток. За да биде усвоена, иницијативата треба да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што нивниот број треба да е поголем од половина од вкупниот број членови на ЕП. 

По расправата по иницијативата на Пипереа, европратениците ќе го разгледаат Годишниот извештај за работата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за 2024 година и ќе дебатираат за безбедноста на производите што се увезуваат во ЕУ преку сајтовите за е-трговијата и за Акцискиот план на Унијата за деинституционализација и семејна и општествена грижа. 

Утре заседанието ќе започне со дебата за односите меѓу Европската Унија и Кина, во чии рамки ќе се расправа за претстојниот Самит ЕУ-Кина и за можностите за справување со кинеските ограничувањата за извозот на ретки суровини. Од оваа дебата треба да произлезе резолуцијата по која европратениците ќе треба да гласаат в четврток. 

Во продолжение на утрешното заседание данската премиерка Мете Фредериксен пред европратениците ќе ги презентира приоритетите на Данското претседателство со Советот на ЕУ во втората половина од годинава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дури седум клубови вклучени во трансферот на Дурант во Хјустон

Следно

Костовски: Две лица фатени при оштетување на новата детска градинка во Бутел (ФОТО)

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop