НОВИОТ ФИЛМ НА СОРЕНТИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ 82. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

July 5, 2025
1 min read

„La Grazia“ на Паоло Сорентино, љубовна приказна во која тој повторно се спојува со актерот од „Големата убавина“ Тони Сервиљо, ќе го отвори 82. издание на Филмскиот фестивал во Венеција.

Сервиљо глуми заедно со италијанската актерка Ана Ферцети, која неодамна се појави во големиот хит на Ферзан Озпетек, „Дијаманти“. Деталите за приказната на десеттиот игран филм на Сорентино не се познати, освен фактот дека станува збор за љубовна приказна сместена некаде во Италија.

Почнувајќи од дебито на Сорентино „One Man Up“ од 2001, ова е негова седма соработка со Сервиљо.

„Многу сум среќен што 82. Меѓународен филмски фестивал во Венеција ќе се отвори со новиот филм од Паоло Сорентино“, изјави уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера.

Како што претходно беше најавено, двократниот оскаровец Александeр Пејн ќе претседава со жирито на фестивалот, што ќе се одржи од 27 август до 6 септември. Учесниците ќе бидат објавени на 22 јули.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Следно

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop