Во првото коло се елиминирани 13 носители

July 4, 2025
1 min read

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите воопшто, бидејќи 13 носители биле елиминирани и на Отвореното првенство на Австралија во 2004 година.

Претходниот рекорд на Вимблдон за најмногу носители што загубиле во првото коло во машка поединечна конкуренција беше 11 (во 2001, 2003, 2018 и во 2021 година), пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП).

Тенисери носители на годинашниот Вимблдон што се елиминирани во првото коло, а четворица се од првите 10, се Александар Зверев (трет носител), Лоренцо Мусети (седми), Холгер Руне (осми), Данил Медведев (деветти), Франциско Серундоло (16), Уго Умбер (18), Алексеј Попирин (20), Стефанос Циципас (24), Денис Шаповалов (27), Александар Бублик (28), Алекс Михелсен (30) Талон Грикспор (31) и Матео Беретини (32).

Во женска конкуренција во првото коло загубија вкупно 10 носителки, изненадувања се поразите на втората и на третата носителка, Коко Гоф (годинашна победничка на Ролан Гарос), која загуби од Дијана Јастремска (42. на ВТА-листата), односно Џесика Пегула, која во два сета загуби од 116-та тенисерка, Елизабета Кочарето, а загубија и Кинвенг Женг (петта носителка), Паула Бадоса (деветта), Каролина Мухова (15)…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Следно

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop