Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

July 3, 2025
1 min read

Додека европратениците се подготвуваат да го избришат спомнувањето на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од годишниот извештај, македонскиот премиер Христијан Мицкоски во домашната јавност настапува со „иницијативи“ за нивна меѓународна верификација. Во моментов тој бара печат на нешто што веќе е заверено во Обединетите нации, Европската комисија и низа билатерални договори, оставајќи простор за сомнеж дека целото настојување е однапред осмислена фарса – акција која треба да заврши со дипломатски ќор-сокак за да послужи како аргумент за внатрешно-политичка мобилизација. Прашањето, следствено, не е дали светот ќе го признае македонскиот јазик, туку дали владата свесно режира сценарио во кое на крајот ќе може да обвини „надворешни фактори“ за сопствениот неуспех.

Во својата најнова објава на „Фејсбук“, Марјан Забрчанец дава контекст на меѓународните акти што од 2017 до 2024 година го завериле македонскиот јазик и идентитет.

Почнува со Договорот за добрососедство од 1 август 2017, потпишан на официјален македонски јазик, продолжува со Преспанскиот договор од 17 јуни 2018, кој во член 7 експлицитно го опишува македонскиот идентитет како збир на територија, јазик, народ, историја и култура, а во член 1-(3) го именува „македонскиот јазик“ без фусноти. Во 2019 година Обединетите нации, при евидентирањето на новото уставно име, ја задржаа истата јазична ознака, додека во јули 2022 Европската унија, преку преговарачката рамка, повторно го наведе македонскиот како службен јазик. На 28 јули 2022 грчките власти регистрираа Центар за македонски јазик, чиј легален статус беше судски потврден во март 2023. На 15 јуни 2023 германскиот Бундестаг изгласа резолуција за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет, а две американски сојузни држави – Мичиген и Илиноис – во септември 2023 го прогласија истиот месец за „Месец на македонската култура“. Списокот завршува со изјавата на поранешниот посредник на ОН Метју Нимиц од 17 јуни 2024, во која тој нагласува дека посебноста на македонскиот јазик е „светски призната и неприкосновена“.

Хронологија на меѓународни верификации (2017–2024)

  • 1 август 2017 – Договор за добрососедство со Бугарија е потпишан на македонски јазик.
  • 17 јуни 2018 – Преспанскиот договор експлицитно го признава македонскиот јазик и идентитет (член 7 и член 1-(3)).
  • 2019 – Обединетите нации го впишуваат „македонски јазик“ како единствена службена ознака на државата.
  • јули 2022 – Преговарачката рамка со ЕУ го именува јазикот како македонски, без фусноти.
  • 28 јули 2022 – Во Грција е регистриран Центар за македонски јазик; регистрацијата е судски потврдена (март 2023).
  • 15 јуни 2023 – Германскиот Бундестаг усвојува резолуција за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет.
  • – 26.10.2022 – Потпошан е Фронтекс – Прв договор меѓу Северна Македонија и Европската Унија потпишан на македонски јазик
  • септември 2023 – Државите Мичиген и Илиноис прогласуваат „Месец на македонската култура“.
  • 17 јуни 2024 – Поранешниот посредник на ОН, Метју Нимиц, потврдува дека посебноста на македонскиот јазик е „светски призната и неприкосновена“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Колку пари ви се потребни за одмор во Грција?!

Следно

Исени: Успешно решени сите случи на бездржавјанство

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,

Педофил од Германија снимал голи деца на плажа во Истра, го фатил чуварот

Мажот бил пронајден во туристички објект во областа на Истра од страна на вработен во компанија за обезбедување додека педофилот тајно снимал голи деца на плажа со својот мобилен телефон, соопшти полицијата.

Квалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Вечерва се одиграа неколку натпревари од квалификциите за СП 2026. Фудбалска Турција ќе го памети вечно овој 7 септември 2025 година зошто на свој терен, во Коња

Gmail конечно ќе ве извести

Google продолжува да го развива Gmail како централно место за комуникација, а наскоро корисниците би можеле да добијат неколку практични функции за интеграција со Google Chat. Како што објави Android Authority, во

Памела Андерсон проговори за врската со Лиам Нисон, сите се зачудени: Тоа би била смртна казна (ФОТО)

Уште едно признание што го потврдува нејзиниот статус на филмска икона и фактот дека оставила сериозен белег во Холивуд. Но, додека камерите светкаа за наградата, публиката уште повеќе чекаше на нејзиниот коментар
Go toTop