Албанскиот претседател, Бегај следната недела во Брисел ќе се сретне со Столтенберг

March 3, 2023
1 min read

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ќе престојува во официјална посета на НАТО на 7 месецов, соопштија од неговиот кабинет.

-Шефот на државата ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого ќе разговара за стратешките и безбедносните случувања во источното крило на НАТО и на Западен Балкан, стои во соопштението.

Исто така, тема на разговорите ќе биде и продолжување на поддршката за Украина, посветеноста и придонесот на Албанија во НАТО, како и очекувањата за следниот самит на НАТО, кој во јули годинава ќе се одржи во Вилнус, Литванија.

Бегај ќе биде придружуван од началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Албанија, бригадниот генерал Арбен Кинѓи и членови на неговиот кабинет.

Ова е прва официјална посета на Бегај на НАТО како претседател на Републиката, кој пред да биде избран за претседател беше Началник на ГШ на албанската армија со чин генерал мајор.

По средбата со Столтенберг, во 13 часот, предвидена е заедничка прес-конференција.

Албанија членка на НАТО е од 1 април 2009 година. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Михаилов: Апасиев мери со различен аршин во Гевгелија и Богданци

Следно

Вечерва во 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop