Илјадници луѓе се собраа во Венеција протестирајќи против „Свадбата на годината“ на Безос и корпоративната експлоатација

June 29, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Околу илјада луѓе излегоа на улиците на Венеција вчера, во знак на протест против раскошната свадба на Џеф Безос, известува Анадолу.

Демонстрантите, носејќи транспаренти и знамиња, марширајќи до иконскиот мост Риалто, извикуваа слогани против основачот на Амазон, мултинационалните корпорации, а во исто време изразија поддршка за Палестина.

„Тие мислат дека купуваат град како да е играчка што ќе ја користат како што сакаат, но луѓето живеат тука во Венеција и тоа не им е потребно“, рече Паола, една од активистите што учествуваа на протестот.

„Амазон е експлоатација – на луѓе, на трудот, на правата на децата. Ајде да бидеме информирани, да сфатиме дека Амазон е само голема фабрика за уништување – на територии, луѓе и на трудот“, додаде таа.

Друг активист, Ханс Петер, го критикуваше влијанието на настанот врз животната средина и додаде:

„Можете да останете надвор со вашите пријатели, бидејќи сите приватни авиони – речиси 100 – предизвикаа повеќе проблеми за воздушниот систем на градот отколку оваа донација, што е речиси ништо“.

„Доколку Безос беше сериозен, прво ќе го сменеше системот за дистрибуција на пратки на Амазон, што има многу негативен ефект на глобално ниво“, додаде тој.

Основачот на Амазон, Џеф Безос, и новинарката Лорен Санчез се венчаа во петокот во Италија, на свадба која предизвика повеќедневни протести.

На „Свадбата на годината“, која со недели беше главна тема на разговор во Венеција и низ целиот свет и на која присуствуваа познати гости, се венчаа 61-годишниот американски милијардер и неговата 55-годишна партнерка Санчез на островот Сан Џорџо во Венеција под обемни безбедносни мерки.

Свадбата беше затворена за медиумите, а невестата Санчез го објави својот брак со фотографија на Инстаграм, додавајќи „Безос“ на презимето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Следно

Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината

Latest from Blog

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки

Македонска берза: Комерцијална банка, Телеком и Макпетрол најтргувани – МБИ10 во минус за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19
Go toTop