Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК

June 26, 2025
1 min read

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што посочи градоначалничката Данела Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон, чија изградба, само на еден објект, чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1,5 милион евра.

Според Арсовска, во Општина Чаир има над 150 вакви згради по 12 ката, без дозволи и проекти, со што буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра – криминал за кој, како што нагласи, знаел или требале да знаат градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и неговите соработници.

Арсовска приложи две официјални сателитски снимки од Агенцијата за катастар на недвижности од 2017 година, каде на локацијата ги нема дивоградбите, а Законот за легализација пак важи единствено за објекти изградени пред 2011 година.

– Магично, во втората половина на 2023 година отпочнува плоча, што станува зграда на 12 ката во 2024 година. Е сега, нас Висар Ганиу се обидува да нè убеди дека сè ова е легално. Иновацијата е што оваа зграда, изградена во 2024 година, ја аплицирал со свое барање извесен Беким Аземи, кој што е брат на претходниот 15-годишен иноватор, Бујар Аземи. Иновацијата е што Беким Аземи е најмладиот претприемач во Македонија во изминатото столетие. Тој, според документацијата што е презентирана, ја изградил оваа зграда во 2010 година кога имал само 11 години, а на 12 години своерачно поднел барање за легализација. Затоа и не е чудо што сме четврта најуспешна економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 години градат згради во Чаир и стануваат милионери. Да резимирам – ова е криминал – изјави Арсовска.

Арсовска, исто така, посочи дека Висар Ганиу во три години има направено повеќе дивоградби од сите општини заедно што имаат предмети.

– Ако сите скопски општини имаат стотина предмети, Висар Ганиу има 13 илјади предмети, што сам го има лично кажано. Дали може да замислите колку од овие се всушност незаконски направени… зборуваме за многу посериозна работа, за небезбедност и неправда, зборуваме за луѓе кои се измамувани да купуваат станови во објекти, а не се свесни дека се нелегални – изјави Арсовска.

Според Арсовска, финансиската штета за само еден ваков објект е над 1,5 милион евра.

– За 150 вакви дивоградби во Општина Чаир тоа се 225 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, кои треба да се влеат во буџетот и да се трошат за вашите потреби – нагласи Арсовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жителите на Паркот за диви животни во Анталија се разладуваат со коктели од ледено овошје

Следно

Жерновски: Мицкоски е одговорен за блокадата на извештајот во Европскиот парламент

Latest from Blog

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Прилеп добива нов фудбалски клуб – Градскиот фудбалски клуб, односно ГФК Победа, кој од новата сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига. Основач на новиот клуб е здружението „Градски фудбалски клуб

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството

Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/ И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе

Божиновска: Во центарот на рударството мора да остане човекот, неговата безбедност и достоинство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го одбележа Денот на рударите – 28 Август, со порака дека идниот развој на македонското рударство треба да се темели на поголема безбедност, модернизација,

Меџити: Го менуваме Чаир со конкретни инфраструктурни проекти

Улицата „Ферид Мурад“, една од поважните сообраќајници во Чаир, денеска се асфалтира на најголем дел од трасата, со што се привршува нејзината целосна реконструкција, објави Изет Меџити. Според Меџити, со поставувањето на
Go toTop