Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција

June 25, 2025
1 min read

Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ и ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи.

Објаснија дека забележана е кај градот Халкида на Евија и во северниот дел на островот што „веќе се соочува со сериозен проблем“, бидејќи функционира како излез кон отворено море од заливот Пагаситикос кај градот Волос.

Појава на медузата има и во групата острови Споради, „со потврдено присуство кјај Скијатос и Скопелос“.

– Доколку пливате или посетувате плажи во горенаведените области, бидете особено внимателни. Pelagia noctiluca е импресивен, но и опасен вид поради неговиот интензивен убод, истакнаа од Грчка опсерваторија за биодиверзитет.

Додадоа дека моментално Гибралтар се соочува со најсериозната ситуација, а појави биле пријавени и во Шпанија, Франција, Италија и Јадранското Море.

– Паралелно се забележуваат слични знаци со големата наезда на виолетови медузи во Медитеранот во периодот 2020 – 2023 година, информираа од организацијата.

Во 2022 година беше регистрирано зголемено присуство на виолетовата медуза во различни делови на Грција.

Тогаш медицинските лица советуваа дека во случај на убод, потребно е да се отстранат евентуалните остатоци од кожата, но не со голи раце туку со помош на пластичен предмет, како што е на пример кредитна картичка, местото на убодот да се измие исклучиво со морска вода и да не се користи обична вода, оцет и сл, да се нанесе мраз или ладни облоги за намалување на болката и отокот и да се користи крем со кортизон за лекување на локално воспаление

Виолетовата медуза е меѓу поопасните видови медузи, убодот е болен, меѓутоа не е претставува опасност по живот за повеќето здрави луѓе.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО Самит: Согласност за зголемување на трошоците за одбрана на 5%

Следно

Мисајловски: Има голем интерес за армијата, но ни треба кадар и во министерството!

Latest from Blog

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот

Ролат со кокос, едноставен и совршено вкусен

Во време кога брзите и едноставни десерти се бараат сè повеќе, ролатчето со кокос без печење повторно ги освојува домашните кујни. Благодарение на едноставните состојки, овој ролат го наоѓа својот пат и

Прес-конференцијата на СДСМ е одраз на нивното мрачно минато, реагира Онлајн медиа

Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми. „Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато
Go toTop