Беџети: Коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии!

June 23, 2025
1 min read

На денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави дека коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии. Уште еднаш ги повика ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик. 

Во одговор на новинарско прашање поврзано за приклучување на Арбен Таравари и евентуално проширување на Европскиот фронт, Беџети рече дека во моментов се прават анализи и дека Европскиот фронт ќе се проширува не само со политички партии, туку и со поединци, со невладиниот сектор и со сите оние, како што кажа, „кои мислат дека оваа влада носи антиалбански одлуки и која во контуинитет ги деградира правата на Албанците”.

-Во моментов сѐ уште се одвиваат разговори, се прават анализи во контекст на прашањето за проширување на Европскиот фронт и нашиот став е дека Европскиот фронт ќе се проширува, не само со политички партии. Упатуваме јавен апел до сите Албанци, до сите други етнички заедници, граѓани на други етнички заедници, рече Беџети.

Беџети најави дека на овие локални избори тие ќе имаа еден широк фронт, не само со политички партии, со поединци, интелектуалци, граѓани… широка коалиција, која ќе биде изразена во форма на референдум „на незадоволството на Албанците и другите етнички заедници“. Беџети го повтори и барањето до ВЛЕН и до ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.  

-Ќе имаме таква една широка коалиција со поединци, со политички партии, со невладиниот сектор, со сите кои мислат дека оваа влада носи антиалбански одлуки и која во контуинитет, секој ден, ги деградира правата на Албанците и на другите етнички заедници. Ќе има еден широк фронт на овие локални избори, рече Беџети.

Беџети рече дека албанскиот јазик брутално се деградира, дека законите се испраќаат само на македонски јазик, патоказите се менуваат, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за употреба на албанскиот јазик и се обидуваат да го укинат статусот на Инспекторатот за јазикот, каде што вработените веќе со месеци немаат плати.

-Целта е јасна, да нѐ натераат да молчиме, изјави координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Беџети. 

На прес-конференција во законодавниот дом, тој рече дека од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ биле иницирани 18 предлози за укинување на секој закон којшто ја штити еднаквоста. 

Според него, унапредувањата се даваат само за припадници на ВМРО-ДПМНЕ и нивните македонски коалициони партнери.

Нагласи дека Албанците не добивале покани да присуствуваат на државни посети, додека пак, на меѓувладини средби, вели, биле заменувани со Македонци. Според Беџети, економските директори на универзитетските клиники биле укинати само поради што биле Албанци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“

Следно

Путин: Нападите врз Иран се „непровоцирана агресија без никакво оправдување“

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop