Путин: Нападите врз Иран се „непровоцирана агресија без никакво оправдување“

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес ги опиша нападите врз Иран како „непровоцирана агресија“ без никакво правно или морално оправдување, јавува Анадолу.

„Апсолутно непровоцираната агресија врз Иран нема никаква основа и никакво оправдување,“ изјави Путин за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Москва.

Израел и Иран се вклучени во воздушни судири од 13 јуни, кога Тел Авив изврши ненадејни напади врз неколку цели во Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти. Како одговор на тоа Техеран започна одмазднички напади.

Во недела наутро САД извршија воздушни удари врз три ирански нуклеарни локалитети.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предизвикале „значителна штета и уништување“.

Путин нагласи дека Русија и Иран имаат „долгорочни, добри и доверливи“ односи и дека ставот на Москва околу најновата ескалација е добро познат.

„Од наша страна, вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ,“ рече Путин, додавајќи дека им праќа најдобри желби на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.

„Многу ми е драго што денес сте во Москва. Тоа ни дава можност да ги разгледаме овие чувствителни прашања и заеднички да размислиме како да излеземе од оваа ситуација“, додаде Путин.

Шефот на иранската дипломатија Арагчи, пак, рече дека ескалацијата на Блискиот Исток се влошува секој ден поради одлуките на САД и Израел да ги нападнат иранските нуклеарни постројки.

„Нашите односи се многу блиски и пријателски. Последниве години станавме стратегиски партнери“, рече Арагчи, истакнувајќи дека Москва е на „вистинската страна на историјата и меѓународното право“.

Тој ѝ се заблагодари на Русија за осудата на „агресивните дејства на Израел и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Беџети: Коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии!

Следно

Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop