Премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“

June 23, 2025
1 min read

На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на  сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.

Втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни, 20.00 ч.

Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на проектот: Киро Павлов.

Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ФОТОИЗЛОЖБА ОД 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ СЕ ОТВОРА НА 3 ЈУЛИ ВО МАКЕДОНСККИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ

Следно

Беџети: Коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии!

Latest from Blog

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот
Go toTop