Седници на седум собраниски комисии

June 23, 2025
2 mins read

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за социјална политика, демографија и млади, за надворешна политика и надворешна трговија, за култура и туризам, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. 

На дневен ред на Комисија за социјална политика, демографија и млади се 12 точки. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувања на Законот за социјалната заштита, измените на Законот за семејството, измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измени на Законот за социјална сигурност за старите лица, измени на Законот за инвалидски организации, измени на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, измените на Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, измените на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, измените на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, измените на Законот за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во прво читање.  

На дневен ред на Комисијата се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, во второ читање, како и Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање. 

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледува Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) и Прешево (Република Србија) и  
Предлог на закон за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите, во прво читање. 

На дневен ред на Комисијата за култура и туризам е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност. 

На Комисијата за финансирање и буџет треба да биде разгледан Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, во второ читање. 

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе има амандманска расправа за три закони. 

Според информациите од веб страната на Собранието, амандамни не се поднесени за Предлог на закон за електронските комуникации, додека за Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи се поднесени седум амандмани, за Предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност три амандмани, додека за измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се поднесени два амандмани. 

Седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на чиј дневен ред се Предлог на закон за вработените во јавниот сектор, Предлог на закон за административни службеници и Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, во прво читање и со европско знаменце.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници. На дневен ред на 22 седница на Комисијата се Предлог – одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители и утврдување Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”. 

На 29. седница на Комисијата, која ќе се одржи веднаш по завршувањето на продолжението на 22. седница, на дневен ред е Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври”. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал и со играч помалку пресилен за Пачука

Следно

Трета светска конференција за религиски дијалог и соработка во Крушево

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop