За СДСМ првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е најдобро да е со слоганот „Македонија понижена“

June 22, 2025
1 min read

Една година од новата влада. За власта горда Македонија за опозицијата понижена. Премиерот Мицкоски и денеска одговарајќи на новинарски прашања како го цени едногодишното владеење посочи дека е завршена етапата на билатерални договори на штета на државата, а тоа рече се очекува да биде потврдено и во вторникот на комисијата за надворешна политика во рамките на Европскиот парламент каде мнозинството ќе се изјасни и ќе гласа во корист на Македонија, на македонскиот идентитет и јазик, иако како што рече имало сериозни притисоци на штета на идентитетот од страна на одредени европратеници и групации.

Првиот опозиционер Венко Филипче пак денеска со критика за едногодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ дека како што рече Македонија не може да биде горда со платите кои македонските граѓани ги земаат, правдата која  ја нема а нема ниту визија за младите и долговите кои ќе останат на идните генерации .Во фокусот на говорот на Филипче и истрагата за случувањата во Кочани.

Новата влада која седна на Илинднска пред една година дојде со реконструкција на дел од постоечките но и нови  министерства. Она што претстои периодот како приоритет се и  реформски закони на патот кон евроинтеграциите за кои неаодамна премиерот тврдеше дека не е потребен бадентер, но дека постојат и такви кои се носат со двотретинско мнозинство иако проблемот со бадентерот за сега се уште постои откако Таравари ја напушти власта а пак парламентарното мнозинство иако тврдеше дека е стабилно исто така тврдеше дека се и во преговори за проширување. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калдерата Немрут во Турција ги привлекува љубителите на природата со прекрасните пејзажи

Следно

Пентагон и Трамп: Ја уништивме иранската нуклеарна програма – САД ги бомбардираа клучните три центри во акција наречена „Полноќен чекан“

Latest from Blog

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран

Реформи во јавната администрација

Непотизам, партиски или етнички клуч при вработувањето во јавната администрација ја прави неефикасна и неквалификувана да ги услужи граѓаните. Ова е стара болка на администрацијата која со долготраен процес почна да се

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти
Go toTop