Временските услови сè поголем проблем за Светското клупско првенство

June 21, 2025
1 min read

Од пеколни горештини до силни грмотевици, Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави се одржува во услови што сериозно го нарушуваат распоредот на натпреварите, принудувајќи ги организаторите и тимовите да прават постојани промени.

Поради неповолни временски услови, досега се откажани четири натпревари, а од следната недела се очекува нов топлотен бран.

Второто полувреме од дуелот меѓу Бенфика и Оукленд во Орландо започна со задоцнување од повеќе од два часа поради обилни врнежи од дожд и бура.

Натпреварот меѓу Мамелоди и Улсан во истиот град беше одложен за повеќе од еден час, додека долги паузи беа забележани и на натпреварите меѓу Палмеирас и Ал Ахли во Њу Џерси (40 минути), како и меѓу Салцбург и Пачука во Синсинати (90 минути).

Американското здружение „Фоси фри фудбал“ објави дека во следните десет натпревари се очекуваат екстремно високи температури, кои би можеле да достигнат 41 степени.

Најтешки услови се предвидуваат во Шарлот, каде што се предвидува температура од 38 и 41 степен за натпреварите Реал Мадрид-Пачука и Бенфика-Баерн.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

Следно

“Парада на гордоста“: Ова не е прослава, ова е протест

Latest from Blog

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој е дел од одбраната во случајот „Пулс“, во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики кон обвинителниот акт, оценувајќи дека е правно неиздржан, преобемен и поставен на
Go toTop