Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

June 21, 2025
1 min read

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во Скопје се одржа шестата по ред Парада на гордоста, со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права на ЛГБТИ+ заедницата.

Годинешниот настан беше најавен и реализиран како протест, а не како прослава, поради – како што нагласија организаторите – сè поизразениот говор на омраза, институционалната незаинтересираност и назадувањето на човековите права за ЛГБТИ+ лицата во земјава.

Маршот започна во Паркот „Жена борец“, од каде учесниците се упатија кон Собранието, Министерството за образование и наука и завршија пред Владата на Република Северна Македонија.

– Државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност. Но ние – ЛГБТИ+ заедницата – одбиваме да соучествуваме во таа тишина. Ние не сме ниту мирни, ниту невидливи. Нашето постоење е отпор, доказ дека постојат и други начини на соживот – базирани на радикална грижа, солидарност и колективно ослободување, порачаа организаторите од Парадата на гордоста.

Настанот помина мирно, со поддршка од активисти, граѓански организации и поединци кои се залагаат за еднаквост, достоинство и слобода за сите граѓани, без оглед на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жешка офанзива на летото: мирна недела пред врелиот понеделник

Следно

Временските услови сè поголем проблем за Светското клупско првенство

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop