Акција за одржување на атмосферската канализација во Скопје

March 3, 2023
1 min read

Во текот на изминатите неколку дена, во согласност со состојбите на терен и најавите за дожд, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на сите главни и споредни улици во град Скопје.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека екипите на сектор Канализација, заедно со директорот Драган Илиевски, беа на терен и во текот на минатата вечер, за контрола, брза реакција и интервенција на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација и спречување на поплави.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје посочуваат дека во согласност со најавената временска прогноза и состојбите на терен ќе продолжи со спроведување на активности за подобрување на услугите за скопјани.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Четвртина од 8 милиони видови на Земјата се во опасност од исчезнување

Следно

Угледен адвокат од САД обвинет за убиство на сопругата и синот – сакал да прикрие финансиски злоупотреби

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop