ЕУ уплати 51,7 милиони евра поволни заеми во буџетот на Србија

June 21, 2025
1 min read

Европската комисија денес префрли 51,7 милиони евра повластени кредити во државната каса на Србија, што претставува дел од однапред обезбедените средства предвидени во Планот за раст за Западен Балкан, објави Делегацијата на ЕУ во Србија.

Во соопштението се посочува дека уште 59 милиони евра однапред обезбедени средства, во вид на донации и кредити, ќе бидат дистрибуирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) со цел подобрување на инфраструктурата низ целата земја.

Ова однапред обезбедување финансиски средства сочинува 7 проценти од целокупната финансиска поддршка наменета за Србија во рамките на Планот за раст на ЕУ.

Исплатата на однапред обезбедените средства следуваше откако српскиот Парламент го одобри договорот за инструментот и договорот за заем во рамките на Инструментот за реформи и развој.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денеска сончево и малку посвежо

Следно

Најдолгиот ден: Летото пристигна со сонце и умерени жештини

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop