Разговор Ердоган – Мерц: Израелските напади би можеле да предизвикаат миграции и нуклеарни ризици

June 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека спиралата на насилство предизвикана од нападите на Израел може да им нанесе штета на регионот и на Европа во однос на миграцијата и нуклеарни ризици, јавува Анадолу.

Во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Ердоган рече дека нуклеарните спорови со Иран треба да се решат преку преговори и предупреди дека нападот на Израел сериозно ги зголемил заканите по регионалната безбедност, објави Директоратот за комуникации при турското Претседателство.

Двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, како и за регионалните прашања, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар го промовираше Чупиќ: Клупската легенда е нов тренер на „црвено-црните“

Следно

Апелација одржува јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop