По долга пауза, се отвора „Македонско село“

June 19, 2025
1 min read

По седумгодишна пауза, денеска повторно ги отвора вратите комплексот „Македонско село“, сместен на падините на Водно, во близина на Нерези. Новиот концесионер, фирмата „Ла Тераца“, беше избрана со најповолна понуда на јавниот повик организиран од Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Од СОЗР информираа дека изборот бил спроведен транспарентно и во согласност со законските процедури, преку електронско јавно наддавање со систем управуван од Министерството за финансии.

На свеченото отворање се очекува присуство и на премиерот Христијан Мицкоски.

Комплексот „Македонско село“ се состои од 12 автентични македонски куќи, кои претставуваат дел од богатото културно наследство и традиционалните занаети. Дел од куќите се прилагодени како хотелски соби, а комплексот вклучува и ресторан со традиционална македонска кујна.

Со реотворањето на овој уникатен туристички објект, се очекува поттикнување на локалниот економски развој, отворање на нови работни места и збогатување на туристичката понуда во Скопје. Од СОЗР посочуваат дека проектот ќе придонесе за зголемен број туристи не само во главниот град, туку и низ целата држава.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Наше, а светско: Анастасија и Трн.мк со „Хаотична“, кавер на „Messy“ од Лола Јанг

Следно

САД: Засега нема итни планови за евакуација на граѓаните од Израел

Latest from Blog

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,

Проданоски: Инвестираме во инфраструктура што носи економски раст

Прилеп добива нова инфраструктурна инвестиција која треба да придонесе за економскиот развој на градот и привлекување нови инвеститори. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека се наоѓа во завршна фаза изградбата

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа. Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав
Go toTop