САД: Засега нема итни планови за евакуација на граѓаните од Израел

June 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) синоќа соопштија дека засега немаат најави за помош за евакуација на американските државјани од Израел, иако Амбасадата на САД во Ерусалим подоцна објави дека работи на можности за евакуација поради ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, јавува Анадолу.

„Итно известување! Американските државјани кои сакаат да го напуштат Израел – Амбасадата на САД работи на евакуациски летови и заминување со крузери“, напиша американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, на социјалната мрежа Х доцна синоќа.

Тој ги повика граѓаните да се регистрираат во Програмата за регистрација на патници (STEP) за да добиваат најнови информации.

Но, девет часа претходно, Амбасадата на САД во Ерусалим на Х објави дека „нема никаква најава“ за помош при евакуација на државјани, додавајќи дека Стејт департментот „секогаш планира сценарија за да им помогне на американските државјани да ја напуштат кризната зона.“

По ова соопштение, останува нејасно дали и кога ќе бидат достапни евакуациски летови или крузери, имајќи предвид дека аеродромот Бен Гурион и сите израелски пристаништа се сè уште затворени.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè уште не одлучил дали ќе ја ангажира американската војска да се приклучи на израелската офанзива против Иран, велејќи: „Можеби ќе го сторам тоа. Можеби нема.“

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици се повредени оттогаш во иранските ракетни напади.

Во израелските напади врз Иран загинале 585 лица, а над 1.300 се ранети, според јавувањата на иранските медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По долга пауза, се отвора „Македонско село“

Следно

Њукасл подготвен да го ангажира Рашфорд

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop