Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

June 18, 2025
1 min read

Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.  

Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, беше изгласана со 68 гласа „за“, четири „против“ и без воздржани, претходно доби поддршка и од матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. 

Средствата со одлуката се обезбедени со кратење од Потпрограма Д5 на Владата – Привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, каде Ставката 464 – Разни трансфери се намалува за 585.601.000 денари и од  Потпрограма 60 на Министерството за економија и труд  – Развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување, Ставката 464 – Разни трансфери за 242.264.000 денари. На сметка на се зголемуваат средствата кај Министерството за социјална политика, демографија и млади, во Потпрограма 50 – Надоместоци за социјална заштита, Ставката 464 – Разни трансфери за 242.264.000 денари, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС  за 100.000.000 денари, во Министерство за образование и наука, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 361.185.000 денари, кај Министерство за спорт, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС  за 62.416.000 денари, Финансирање на дејностите од областа на културата, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 60.000.000 денари, како и Потпрограмата 50 Заштита на културното наследство, ставка 482  Други градежни објекти за 2.000.000 денари.

Пред да биде изгласан дневниот ред, пратениците двапати беа на пауза од по еден час, на барање на пратениците Сашко Јанчев од Левица и Арбана Пашоли, заменик-координатор на ПГ на Европски фронт. Јанчев побара пауза затоа што генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници. Пашоли, пак, наведе дека седницата била закажана доцна поради што побара едн час пауза за пратенците за да се запознааат со материјалите од дневниот ред.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција ја засилува безбедноста на границите поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран

Следно

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата. Овие

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата

Одрон на патот што го поврзува граничниот премин Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија

Поради одрон на патот што ја поврзува областа Голо Брдо со граничниот премин Требиште – Џепиште кој ја поврзува Албанија со Македонија сообраќајот на оваа делница е отежнат. Овој пат е од
Go toTop