Израел тврди дека нападнал ирански нуклеарни и воени објекти

June 18, 2025
1 min read

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нападнале „погон за производство на центрифуги и неколку погони за производство на оружје“. Нападите беа извршени во последните неколку часа во главниот град Техеран, а според ИДФ, во нив учествувале 50 израелски борбени авиони.

Центрифугите се машини што се користат за збогатување на ураниум. Збогатениот ураниум може да се користи како гориво за нуклеарни централи, но и за производство на нуклеарни бомби. Израел тврди дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје.

ИДФ додаде дека нападнале и бројни погони за производство на оружје и ракети. Меѓу нив, тврдат тие, бил и објект за производство на суровини и компоненти за ракети земја-земја и земја-воздух.

Во текот на ноќта, израелската воздушна одбрана пресретна повеќе ирански балистички ракети над Тел Авив. Засега нема информации за штети или жртви.

Израел изврши повеќекратни напади врз главниот град на Иран, Техеран, насочени кон Универзитетот Имам Хосеин, поврзан со Револуционерната гарда на Иран, во источен Техеран, според иранските новински веб-страници.

Во меѓувреме, платформата за комуникација WhatsApp изрази загриженост откако иранската државна телевизија ги повика граѓаните да ја избришат апликацијата заштитена со енкрипција, обвинувајќи ја дека собира кориснички податоци за да ги предаде на Израел. Обвинувањето е упатено без никакви конкретни докази.

-Загрижени сме дека овие лажни обвинувања би можеле да се искористат како изговор за блокирање на нашите услуги во време кога луѓето имаат најголема потреба од нив, се вели во соопштението на WhatsApp.

Компанијата додаде: „Ние не ја следиме вашата точна локација, не водиме евиденција за тоа со кого комуницирате и не ги следиме личните пораки што ги разменуваат корисниците. Ние не даваме збирни информации на ниту една влада.“

Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, разменуваат пораки на социјалните медиуми.

Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи: „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „врховен лидер“. Тој е лесна цел, но е безбеден таму – нема да го отстраниме (да го убиеме!), барем не засега“. Трамп додаде дека „ни снемува трпение“ и ја заврши објавата со зборовите: „БЕЗУСЛОВНА КАПИТУЛАЦИЈА!“

Сепак, нема индикации од Техеран дека ова ќе се случи.

Во серија објави на „X“, Хамнеи рече дека Иран „никогаш нема да се помири со ционистите“. -Нема да покажеме милост кон ционистите, гласи преводот на една од објавите. Во друг, тој објави: „Битката започнува“.

Амбасадата на САД во Ерусалим, како што соопшти Стејт департментот, ќе биде затворена од денеска до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рамос му откина два планирани бода на Интер! (ВИДЕО)

Следно

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места 

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop