Сиљановска-Давкова во Тирана на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ

June 16, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Тирана, таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема: „Поттикнување на стабилноста и просперитетот преку регионална соработка и интеграција во ЕУ“, како и на заедничката прес-конференција со албанскиот и со бугарскиот претседател, Бајрам Бегај и Румен Радев, во својство на претседатели на државите коишто се претходен, актуелен и иден претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Домаќин на Самитот е албанскиот претседател Бајрам Бегај. Покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова, предвидено е да учествуваат: претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар; претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ; претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу; претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ; претседателот на Бугарија, Румен Радев; претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, како и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Молдавија, Михаи Попсои.

На Самитот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи: на Турција, Хакан Фидан, на Грција, Јоргос Герапетритис; на Романија, Емилиан Хоратиу Хурезеану; државниот секретар во министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, Фрањо Матушиќ; генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ и шефот на делегацијата на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато.

Во рамки на работната посета на Албанија, Сиљановска-Давкова во Тирана ќе оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Галатасарај ќе започне преговори за Чалханоглу

Следно

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop