Владата со одлука ги обврза пекарите да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена

March 2, 2023
2 mins read

Министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук ја објави одлуката со која производителите на леб и трговците имаат обврска да го произведуваат и продаваат белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел) по замрзната цена од 33 денари, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во декември 2022 година

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил, вечерва патувајќи од Загреб за Скопје, ја сподели информацијата за одлуката на Владата со која производителите на леб и трговците имаат обврска да го произведуваат и да го продаваат белиот и полубелиот леб од 450 грама со замрзната цена.

Одлуката што ја објави Бектеши е со денешен датум (2 март 2023 г.) и на неа е потпишан првиот вицепремиер Артан Груби, иако јавноста не беше известена дека во текот на денот се одржала седница на Владата.

Министерот, објавувајќи ја одлуката, коментира дека ова е ,,нова одлука за целосна заштита на граѓаните”.

„Секој производ ќе го има, и тоа со фер цени“,

пишува Бектеши.

Со одлуката се определува обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица за вршење производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или продаваат леб бел и полубел сечен на парчиња или цел.

Во вториот член на одлуката се определува дека треба да се произведува најмалку 80 отсто од лебот кој треба да се продава по замрзната цена.

„Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во декември 2022 година“,

се наведува текстот на одлуката.

На крајот во одлуката стои и обврската за плаќање на фактурата во определен рок.

„Трговците од членот 2 став 1 од оваа одлука, за испорачаниот леб од член 2 од оваа одлука, на производителот на лебот треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од приемот на фактурата за испорачаниот леб“,

се додава во одлуката.

Оваа одлука на Владата следува откако втор ден полиците за леб во продавниците останаа празни затоа што од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија не доставуваат бел и полубел леб затоа што велат дека замрзнувањето на цената на лебот се коси со уставното право за слобода на пазарот и велат оти се подготвени за разговор со надлежните институции, но само доколку добијат официјална покана, а не повик или апел упатен од прес-конференција.

Претседателот на Групацијата вечерва рече дека загубите на компаниите од ваквата одлука за замрзнување на цената на лебот се огромни и додаде дека треба да се изнајде еден леб кој ќе биде со одредена грамажа, тој да биде социјална категорија и да се продава несечен и во хартија. 

За непочитувањето на одлуката денеска Државниот пазарен инспекторат ги изрече и првите казни.

Во 234 контроли кои ги направиле инспекторите биле констатирани неправилности кај три скопски и една кумановска фирма кои го продавале лебот по цена повисока од 33 денари. На овие фирми инспекторите им изрекле казни од над 300 000 денари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг

Следно

Три земји воведоа забрана за увоз на говедско месо од Бразил поради истрага за кравјо лудило

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop