Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг

March 2, 2023
1 min read

Пожар избувна денеска на градилиште на облакодер во Хонг Конг, поради што се активирани голем број пожарникари, соопштија градските власти.

Пожарот избувна во 23.11 часот по локално време (17.11 часот по средноевропско време) во Цим Па Цуи, комерцијален и туристички кварт на морскиот брег. Засега нема информации за жртви.

Пожарот најпрвин бил забележан во близина на скелето на врвот на зградата, а огнот можел да се забележи од пристаништето како и жарот кој паѓа по соседните улици. Еден час подоцна, пожарот се проширил на целата зграда и се спуштил на улицата каде што се собрале стотици пнабљудувачи.

Полицијата соопшти дека огнот зафатил и четири соседни згради, но дека тие пожари се изгаснати.

Таму се гради зграда од 42 ката, во која ќе бидат сместени Поморскиот клуб и нов хотел, а проектот е на Empire Group.

Околу градилиштето има трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.

Областа Цим Ша Цуи е популарна туристичка и шопинг област во Хонг Конг. Позната е по своите облакодери и погледот на градското пристаниште Викторија. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пике ја објасни контроверзната фотографија со Ибрахимовиќ од пред 13 години – сè уште ја памети реакцијата на Златан која е урнебесна

Следно

Владата со одлука ги обврза пекарите да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена

Latest from Blog

Пет мандати – нула резултат: ВЛЕН ја разобличува улогата на ДУИ со правосудниот испит

Коалицијата ВЛЕН излезе со остри обвинувања кон ДУИ, обвинувајќи ја дека и покрај долгогодишното управување со Министерството за правда, не успеала да обезбеди полагање на правосудниот испит на албански јазик. Во реакцијата

ВЛЕН: Петмина министри од ДУИ во правда, но без решение за правосудниот испит

Политичката коалиција ВЛЕН обвини дека со години институциите не овозможиле полагање на правосудниот испит на албански јазик, и покрај тоа што Министерството за правда било раководено од повеќе министри од ДУИ. Според

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на
Go toTop