Израел и Иран ги засилуваат нападите

June 15, 2025
1 min read

Во екот на драматична ескалација меѓу Израел и Иран, Тел Авив испрати итно предупредување за евакуација, откако во раните утрински часови започна нова серија  воздушни напади насочени кон објекти поврзани со иранската нуклеарна програма. 

Одговорот на Техеран не доцнеше – повеќе балистички ракети удрија врз израелска територија, при што животот го загубија најмалку 10 цивили. Израелските служби за итна интервенција потврдуваат дека над 50 лица се повредени, а нападите ја погодија и територијата на градовите Реховот и Бат Јам каде има повеќе мртви а причинета е и голема материјална штета врз цивилни објекти, додека израелските служби јавуваат дека потрагата по повредени и загинати сеуште трае.  Ирански напади се регистрирани и во северниот дел на Израел, вклучувајќи го и палестинско-израелскиот град Тамра, каде што била погодена и една станбена зграда, а ракетен напад врз израелски цели извршил и Јемен, Хутиите ја погодиле Јафа во централен Израел со неколку балистички ракети. 

За Иран одговорот на нападите врз Израл се акт на самоодбрана, додека министерот за надворешени работи Абас Агачи за тамошните медиуми изјавил дека конфликтот може да се прошири на соседните земји, додека пак Германија, Франција и Велика Британија изразија подготвеност  да отпочнат преговори со Иран во врска со неговата нуклеарна програма, со цел да се ублажат тензиите на Блискиот Исток. 

Со реакција се јави и Американскиор претседател Доналд Трам кој се закани дека ќе одговори на секој ирански напад врз стратешки цели на САД. Тој  инсистира  дека Америка не е вклучена во овој конфликт и нагласи дека е потребен договор по мирен пат кој нема да предизвика сериозни последици по целиот свет, а за ескалацијата на блискиот исток разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин.

Војната помеѓу Иран и Израел сериозно рефлектира и врз светската економија. Американскиот долар ја достигна најниската вредност во однос на кошничката валути во последните три години.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Кочани е во фокусот

Следно

Утре ќе се одржи комеморација во чест на Филип Аврамчев: Се збогувавме со визионерот што ги поврзуваше луѓето преку култура и технологија

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop