Децата зависници од дрога во Македонија се препуштени сами на себе

May 30, 2025
1 min read

Децата зависници од дрога во Македонија се препуштени сами на себе – нема институции за рехабилитација, не постојат ни медицински центри со специјализиран кадар и протоколи за лекување, ниту пак програми за превенција и рана детекција на употреба на психоактивни супстанци и дроги кај децата, алармираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Исто така, се намалува и возрасната граница на децата кои не само што употребуваат психоактивни супстанции туку и тргуваат со нив – најмладиот корисник на дрога во 2023та било дете под шест години, констатира заменичката Омбудсман Васка Бајрамовска Мустафа.  

Бајрамовска Мустафа немаше одговор како децата ја добиваат дрогата, таа вели дека ретко се прават извештаи за овој проблем од страна на институциите, но податоците кои тие ги добиле укажуваат на сериозна и алармантна состојба со третманот и грижата за деца кои користат дроги и други психоактивни супстанци – како пример го посочи детскиот воспитно-поправен дом во Волковија, каде на децата зависници не им следува специјализиран третман туку само спортски активности, а се зголемува и бројката на деца кои користат  дроги како марихуана, амфетамини, екстази, кокаин и хероин. 

 

 

Етничка припадност 2023 г. до 01.6.2024 г. Македонци 14 13 Албанци 16 6 Турци 0 0 Роми 1 0.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Следно

Одредени 30 дена притвор за насилник од Гостивар, нападнал и силувал жена    

Latest from Blog

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките
Go toTop