Имер Селмани за лидерската трка во ВЛЕН: Изет Меџити ја доби битката со Таравари!

May 29, 2025
1 min read

Поранешниот албански политичар, Имер Селмани, ги коментираше последните случувања во рамки на владејачката коалиција ВЛЕН, по заминувањето на Арбен Таравари. Во јавна изјава, Селмани оценува дека најголемата вредност моментално во оваа коалиција е првиот вицепремиер, Изет Меџити, поради поконсолидираната партиска структура со која располага.

Според него, во последните месеци можеше да се забележи еден вид дуализам во ВЛЕН помеѓу Таравари и Меџити, не само преку нивните јавни изјави, туку и во тивката трка за тоа кој ќе биде суштински лидер на овој владејачки блок, лидер кој носи промени и реформирање на општеството.

„Ако навистина имаше вистинско соочување за лидерство во ВЛЕН, сметам дека тука Изет има стекнато подобра позиција“ потенцираше Селмани, додавајќи дека сега се ќе зависи од тоа како оваа предност ќе се искористи на терен.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна судењето за „Адитив“ прв пат во судницата во КПУ Идризово

Следно

Познати цитати, други перспективи

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop