Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

May 29, 2025
2 mins read

Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, помеѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист. 

Како што претходно соопшти ОЈОГОК, според наводите во диспозитивот првообвинетиот во случајот се гони за несовесно работење во службата, додека шестемина се обвинети за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На четворица од нив на товар им се става и кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело злосторничко здружување и продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Дополнително, на четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела злосторничко здружување и перење пари и други приноси од казниво дело, додека четворица сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Одговорните компании, како што информираа од Обвинителството, се товарат за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, а две од нив и за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

-Во период од месец април 2023 до месец август минатата година, дел од обвинетите во својство на службени лица создале група чија цел била вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Во меѓувреме, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери, дел од останатите обвинети станале припадници на оваа група. Тие, договарајќи се со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, стои во соопштението на ОЈО ГОКК.

Отаму дополнуваат дека обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј.

-На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари, дополнуваат од ОЈО ГОКК.

Понатаму, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ова се најбогатите фудбалски клубови во Европа

Следно

Центар за граѓански комуникации: Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост на функционерите

Latest from Blog

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop