Ердоган: Турција посакува прекинот на огнот меѓу Пакистан и Индија да прерасне во траен мир, подготвена е да придонесе

May 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција посакува прекинот на огнот меѓу Пакистан и Индија да прерасне во траен мир и подготвена е да даде секаков можен придонес во овој поглед, јавува Анадолу.

Зборувајќи на трилатералниот самит во Лачин, Азербејџан, заедно со својот азербејџански колега Илхам Алиев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, Ердоган рече: „Јакнењето на нашата солидарност и капацитет за заедничко дејствување во услови на предизвици не го сметаме за избор, туку за неопходност.“

„Развојот на настаните што се случуваат во нашиот регион покажува колку е важна солидарноста меѓу трите земји“, додаде тој.

Турција заеднички ќе придонесе во проекти, како што се Патот на развојот (Турција-Азербејџан-Пакистан), Средниот коридор и Транспортниот коридор север-југ.

„Со ослободувањето на азербејџанската територија што беше под окупација 30 години, сега се надеваме дека регионот ќе стане центар на стабилност, просперитет и развој“, изјави Ердоган.

Во врска со Газа, Ердоган рече дека се решени да продолжат да ги бранат правата на невините луѓе што беа масакрирани и вети дека ќе се спротивстават на обидите за нарушување на мирот во регионот.

Исто така, тој истакна дека Турција го повикува светот да го зголеми притисокот врз Израел за воспоставување траен прекин на огнот во Газа и да обезбеди итна хуманитарна помош.

На трилатералниот самит во Лачин, азербејџанскиот претседател рече дека неговата земја, Пакистан и Турција секогаш се залагаат за суверенитет, територијален интегритет и правда.

Тој рече дека денешниот самит има „големо симболично значење“, додавајќи дека првиот ваков самит се одржал во јули минатата година и дека е сигурен дека оваа традиција ќе продолжи.

Алиев се осврна и на енергетските односи, наведувајќи дека поради соработката на Азербејџан и Турција „енергетската карта не само на нашиот регион, туку и на пошироките простори се промени.“

Пакистанскиот премиер Шариф на самитото порача: „Да живее братството и пријателството Пакистан-Турција-Азербејџан“.

Претходно Ердоган одржа средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Азербејџан, кој го одбележува Денот на независноста на 28 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Белгија и Казахстан

Следно

Претставници на студентите во блокада и челните луѓе на Универзитетот во Белград утре ќе одржат состанок

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop