САД одобрија продажба на оружје за Тајван во износ од 619 милиони долари

March 2, 2023
1 min read

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека помошта од САД ќе му помогне во ефикасна одбрана на воздушниот простор за справување со заканите и провокациите Пекинг и ќе ги зајакне одбранбените резерви на земјата

Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на ново оружје во вредност од 619 милиони долари за Тајван, вклучително и ракети за неговата флота Ф-16.

Пентагон во средата соопшти дека Стејт департментот ја одобрил потенцијалната продажба на оружје за Тајван која, меѓу другото, вклучува 200 противвоздушни напредни проектили со среден дострел.

„Предложената продажба ќе придонесе за способноста на примателот да обезбеди одбрана на својот воздушен простор, регионална безбедност и интероперабилност со САД“,

се вели во соопштението на Пентагон.

Продажбата на оружје најверојатно дополнително ќе ги влоши и онака затегнатите врски меѓу Вашингтон и Пекинг, кој постојано бараше да престанат таквите договори, сметајќи ги како неоправдана поддршка за Тајван, остров кој Кина го смета за своја територија, пишува Ројтерс.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека помошта од САД ќе му помогне во ефикасна одбрана на воздушниот простор за справување со заканите и провокациите Пекинг и ќе ги зајакне одбранбените резерви на земјата.

Втор ден по ред Тајван известува за големи упади на кинеското воздухопловство на неговата зона за воздушна одбрана, при што тајванското Министерство за одбрана соопшти дека во последните 24 часа забележало 21 авион.

Пекинг вели дека неговите активности се оправдани бидејќи се обидува да го одбрани својот територијален интегритет и да ги предупреди САД да не „заговараат“ со Тајван.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го потресе јужно Мексико

Следно

Зеленски: Украинците ја преживеаја зимата, но останува руската закана за енергетскиот систем

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат
Go toTop