Ердоган во посета на Азербејџан по повод Денот на независноста

May 28, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово отпатува во азербејџанскиот град Лачин за да присуствува на настаните по повод Денот на независноста на Азербејџан, јавува Анадолу.

Се очекува Ердоган да се состане со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за да разговараат за билатералните односи и да разменат мислења за регионалните и глобалните случувања.

Тој, исто така, треба да учествува на вториот трилатерален самит Турција – Азербејџан – Пакистан, на кој ќе присуствува и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Посетата вклучува и церемонија на инаугурација на Меѓународниот аеродром „Лачин“ и учество на културните прослави по повод Денот на независноста.

Ердоган е придружуван од делегација на високо ниво составена од неколку министри, високи претседателски советници и официјални претставници на владејачката партија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мареска: Конференциската лига е важна

Следно

Предлог Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница

Latest from Blog

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос
Go toTop