САД размислува за нови чекори во справувањето со кризата во Украина

May 27, 2025
1 min read

Русија се подготвува за нова офанзива. Додека европа се надева на конечен мир на Истокот на континентот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека руската аремија ги засилува нападите.

Воздушна тревога во источните и јужните делови на Украина во изминавава ноќ откако армијата регистрирала голем број на ракети и беспилотни летала истрелани од руска територија. Само во изминативе три дена, повеќе од 900 дронови ја погодиле Украина.

„Според податоите кои ги имаме од безбедносните служби може да се заклучи дека Путин и неговиот тим не сакаат војната да запре. Ништо не покажува дека тие сериозно размислуваат за мир и преговори, туку токму спротивно, тие се подготвуваат за нова оданзива. Русија сака оваа војна да продолжи.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина.

А додека Вашингтон и Брисел се закануваат со нови санкции, Владимир Путин најави дека ќе ја блокира работата на западните информатички компании кои се уште работат од Русија..Рењакцијата на рускиот претседател следи откако неколку компании се пожалија дека трпат загуби во висина од неколку милијарди долари и дека земјата е силно зависна од западни платформи и софтвери. Москва веќе ја намали брзината на интернет за многу странски онлајн-услуги, а „Фејсбук“ и „Инстаграм“, кои се во сопственост на Марк Закерберг, се класифицирани како екстремистички и се блокирани уште од почетокот на војната во Украина.

„Тие мора да бидат ограничени. Западот сака да ја задуши Русија, затоа мораме да возвратиме.  руската економија сега е четврта во светот според куповната моќ, тоа е ваше директно достигнување – резултат на работата на компаниите од сите региони на Руската Федерација.“ – Владимир Путин претседател на Русија.

Според американските медиуми, поради недостаток на напредок во преговорите, Доналд Трамп размислува за целосно повлекување од мировниот процес во Украина. Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори од Белата Куќа, наведува дека Трамп, кој го опиша конфликтот во Украина како „европска војна“, бил шокиран и изненаден од неподготвеноста на Москва да ги промени клучни услови за решавање на кризата. Американскиот претседател размислувал и за воведување на нови санкции за русија, иако се уште не е донесена конечна одлука.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Арсовска пред крај на мандатот со вонреден инспекциски надзор во Чаир

Следно

Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, Филипче порачува должнички оков за секое дете е по 6.000 евра до неговата 25 година

Latest from Blog

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага

Жените родени под два знака се најпосакуваните партнери и сопруги

Љубовта, топлината и способноста да се разбере партнерот се квалитети кои многумина ги сметаат за најважни во љубовната врска или бракот. Сепак, според астрологијата, постојат жени кои природно зрачат од оваа посебна

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди
Go toTop