Мицотакис: Се чини дека несреќата во Грција се должи главно на трагична човечка грешка

March 2, 2023
1 min read

Не додавајќи повеќе детали, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека железничката несреќа во која животите ги загубија главно млади луѓе, е без преседан во Грција

Се чини дека железничката несреќа во Грција во која загинаа десетици луѓе главно се должи на трагична човечка грешка, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во телевизиско обраќање по неговото враќање од местото на несреќата кај грчкиот град Лариса, притоа не изнесувајќи повеќе детали, јави Си-ен-ен.

„Десетици наши сограѓани, повеќето млади луѓе, ги загубија животите во ужасната железничка несреќа без преседан во нашата земја“,

рече тој.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис за време на посетата на местото на несреќата кај градот Лариса
Фото: EPA-EFE/DIMITRIS PAPAMITSOS

Мицотакис кажа дека одлуката на грчкиот министер за транспорт да си поднесе оставка по трагедијата е чесна и додаде дека оставки поднеле и раководителите на Грчката организација на железници и нејзината подружница.

За време на неговата посета на болницата во Лариса, каде што се згрижени многу од повредените, Мицотакис се сретна со роднините на загинатите и исчезнатите.

„Ме прашаа ‘зошто?’. И ми рекоа ‘никогаш повеќе’. Им должиме искрен одговор“,

рече тој.

Грчките медиуми синоќа пренесоа дека свртничарот вработен во железничката станица во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција.

Медиумите известуваат дека тој во моментов е уапсен и дека пред истражните органи признал оти еден од возовите упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз. Во исказот даден во рамки на предистрагата тој навел дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за несреќата.

Педесет и деветгодишникот денеска се очекува да биде изведен пред обвинител.

Грчките медиуми синоќа објавија видеоснимки од безбедносните камери кои го снимиле моментот на железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 43 патници.

На видеото се гледа како комерцијалниот воз кој се движи кон Лариса и патничкиот воз кој тргнал во 19:22 ч. од Атина се наоѓаат на истата линија од пругата и се движат со брзина од 166 километри на час, при што судирот е неизбежен. Од силниот удар веднаш настанува пожар.

Патничкиот воз пренесувал околу 350 луѓе, главно студенти на 20-годишна возраст кои се враќале во Солун.

Во несреќата се повредени вкупно 85 лица, од кои 72 се во болница, а шест се на одделенијата за интензивна нега.

Надлежните проценуваат дека бројот на жртвите од 43 се зголеми, бидејќи неколку луѓе се заробени во првите вагони на патничкиот воз.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На повидок нормализација на јавниот превоз во Скопје

Следно

Партијата Фидез на Орбан го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО

Latest from Blog

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети

Потпишан Меморандум за разбирање и за соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка , можности за нови проекти и инвестиции  

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во

Неверојатно: Играчи на Арсенал и Тотенхем заедно прославуваа!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Arsenal/ Играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лигата со спектакуларна забава, која траеше цела ноќ и заврши со неочекувана средба со играчи од големиот ривал Тотенхем. Тие прво организираа раскошна
Go toTop