За два дена јужно од грчкиот остров Крит спасени речиси 600 мигранти

May 26, 2025
1 min read

Во петокот и саботата, во неколку одвоени случаи јужно од Крит и јужно од островот Гавдос, Крајбрежната служба на Грција открила и спасила 597 мигранти, а биле уапсени и криумчари.

Во саботата, два дрвени чамци во морскиот дел на 37 наутички милји јужно од Крит побарале помош, по што биле спасени вкупно 111 лица, меѓу кои една жена и едно дете, а сите безбедно биле пренесени на пристаништето на островот.

Речиси во истиот дел, исто така во саботата наутро, помош побарале и лица кои се пренесувале со чамец, при што спасен бил 51 мигранти (меѓу нив и 13 деца), а упасени двајца државјани на Судан под сомнение дека се криумчари и наплатиле за лицата да ги пренесат од Либија во Грција.

Дополнително, во одвоен случај, на плажа на Крит биле откриени 53 мигранти, кои исто така од Либија тргнале кон Грција, а уапсен бил уште еден судански државјанин.

Во близина на малиот остров Гавдос јужно од Крит во дрвен чамец биле откриени и спасени 72 мигранти, кои биле пренесени на Крит.

Ден претходно, во петокот, исто така кај Гавдос, во две одвоени акции биле спасени 114 и 107 мигранти, а уапсени вкупно две лица од Судан, кои од спасените биле посочени дека се криумчари.

Во раните утрински часови истиот ден, кај Крит, силите на Фронтекс интервенирале по побарана помош од чамец со 51 лице (меѓу кои и седум деца), а во продолжение бил откриен и втор чамец со 38 мигранти.

Во изминатиот период сè почесто има спасувачки акции јужно од Крит и Гавдос, со оглед на тоа дека мрежите на криумчари ја користат јужната рута, односно по морски пат нелегално пренесуваат мигранти од Либија кон Грција или Италија.

Министерот за миграција и азил на Грција Макис Воридис во петокот рече дека брановите од Либија се за 174 проценти зголемени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Почина актерката Соња Каранџуловска

Следно

Пречистителната станица за Скопје требаше да проработи годинава – уште не е готова, а не се знае ни дали се гради

Latest from Blog

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот

Диар Ајрулаху, 15 годишниот репрезентативец на У-15 кој блеска надвор од државата

Диар Ајрулаху, 15 годишник од Македонија, воодушевува со своите настапи на меѓународниот фудбалски турнир што моментално се одржува во Албанија. Избран за репрезентацијата У-15 на Македонија, Диар го привлекува вниманието на тренерите

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага
Go toTop