Пречистителната станица за Скопје требаше да проработи годинава – уште не е готова, а не се знае ни дали се гради

May 26, 2025
1 min read

Капиталниот проект за Скопје, пречистителна станица за отпадни води на Вардар во вредност од 200 милиони евра, не само што не е готов, туку не се знае ниту дали е почната изградбата, пишува порталот СакамДаКажам.

Постапката за пречистителната станица започна во декември 2019, кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а директор на „Водовод и канализација“, Душко Весковски. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води, од кои најмногу страда Вардар. Дел од парите, односно 136 милиони евра, се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија. Но, со доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција проектот беше закочен, за што забелешки имаа и европските банки.

Пречистителната станица не е готова, ниту јавноста има информација до каде е постапката. Во април 2023, по две години одолговлекување од страна на раководството на Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, беше потпишан договорот со германската фирма „ВТЕ Васертехник“ и домашната „Жикол“. Договорот беше потпишан во тајност. Иако станува збор за капитален проект за градот вреден 200 милиони евра, ни Арсовска, ни тогашниот директор на „Водовод и канализација“ Драган Илиевски не одржаа прес-конференција, ниту одговараа на новинарските прашања.

Две години откако е потпишан договорот, во јавноста нема никаква информација за проектот. Од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ не е испратено ниту едно соопштение за овој проект, Арсовска не се сликала на увид на градежни работи и не објавила информација на својот фејсбук профил.

САКАМДАКАЖАМ.МК испратиле прашања до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска до каде е реализацијата на овој капитален проект, што досега е сработено и што се работи во моментов. Но, како и во целиот мандат на Арсовска, велат дека одговор на нивните прашања не добиле. Тие исто така, наведуваат дека на нивните телефонски повици не одговарал ниту директорот на „Водовод и канализација“ Тони Миновски, кој во април лани беше поставен на функцијата. Тој е четврти директор на претпријатието во мандатот на Арсовска.

Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари во Општина Гази Баба, на левиот брег на Вардар, во областа Трубарево. Откако ќе биде пуштена во функција, ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби, што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од Вардар да биде помалку загадена.

Извор: СДК.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За два дена јужно од грчкиот остров Крит спасени речиси 600 мигранти

Следно

Издавачка куќа ја тужи Општина Тетово за плагијат – Алили: Ниту сме купиле, ниту сме продале книги

Latest from Blog

Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска избрани за членки на Судскиот совет

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која

Победа на ВЛЕН на изборите – јасна порака од албанската заедница

ВЛЕН извојува убедлива победа на локалните избори, освојувајќи 10 општини и потврдувајќи ја широката поддршка и доверба што ја доби од албанските граѓани. По завршувањето на официјалниот изборен процес, кој вчера заврши

Сопственикот на барот во Кран-Монтана доби три месеци притвор

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот
Go toTop