Костадиновска-Стојчевска: Новите иницијативи на Балканот се нови можности за посилна културна соработка со Црна Гора

March 1, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека досегашната интензивна и плодотворна работа резултираше со голем број проекти и иницијативи во сите дејности на културата.

Задоволни сме од блискиот начин на кој соработуваат институциите, поединците и здруженијата од културата, особено во литературната и драмската дејност, како и на летните фестивали ’Охридско лето‘ и ’Котор арт‘. Уверена сум дека со денешното потпишување на новата Програма за соработка за периодот 2023 – 2026 година, ќе  овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.  

На средбата стана збор и за развивање програми за размена на млади луѓе од Европа, за презентација на културните традиции на земјите од каде што доаѓаат.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска го подвлече и значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која нуди големи можности за унапредување на соработката во областа на културата, и изрази  уверување дека Црна Гора наскоро и официјално ќе пристапи кон оваа иницијатива.

На средбата беше истакната и досегашната успешна соработка во рамките на Форумот на словенските култури, Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, УНЕСКО и во други меѓународни организации. 

На крајот, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ изразија задоволство што токму во годината кога нашата земја одбележува 60 години од скопскиот земјотрес, вечер во Музејот на современата уметност ќе биде отворена изложба на дела од творештвото на еден од највлијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората светска војна, Петар Лубарда.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Објавен моментот на сударот на возовите во Грција

Следно

Владата молчи, Собранието ги игнорира, а ЕУ само делумно одговара на прашањата што ги отвори необичното писмо на амбасадорот на Австрија

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop