Ова се земјите со највисока просечна нето-плата во Европа

May 23, 2025
1 min read

Во 2024 година највисоки просечни нето-приходи беа забележани во Северна и Западна Европа. Иако разликата малку се намалува кога ќе се земе предвид куповната моќ, таа и натаму останува значајна.

Бруто-платите не се најпрецизниот показател за споредба помеѓу европските земји бидејќи даноците на личен доход и придонесите за социјално осигурување значително се разликуваат. Дополнително, некои држави нудат поголема поддршка за домаќинства со деца. Затоа, годишните нето-приходи се посоодветен показател за споредба.

Каде во Европа се заработува најмногу?

Годишните нето-приходи во Европа значително се разликуваат, дури и кога се приспособени според куповната моќ, според податоците на „Евростат“. Во 2024 година годишните нето-приходи се движеле од 11.074 евра во Бугарија до 50.410 евра во Луксембург, додека просекот во Европската Унија изнесувал 29.573 евра. Овие бројки се однесуваат на една личност без деца која заработува 100 отсто од просечната плата.

Фото: Еuronews

Највисоки примања надвор од Европската Унија

Кога ќе се вклучат податоците и за трите земји членки на Европската асоцијација за слободна трговија и кандидатот Турција, највисокиот износ достигнува 85.631 евро во Швајцарија, по што следува Исланд со 57.573 евра. Норвешка е на 5. место со 47.232 евра, што укажува на доминацијата на земјите надвор од ЕУ во однос на нето-приходите.

Меѓу скандинавските земји, Данска (43.913 евра), Финска (36.877 евра) и Шведска (36.147 евра) се над просекот на ЕУ. Меѓу членките на ЕУ, по Луксембург, највисоки приходи имаат Холандија (47.892 евра) и Ирска (46.208 евра).

Јужна и Источна Европа заостануваат

Јужните европски држави како Италија (24.797 евра), Шпанија (24.571 евра) и Грција (18.709 евра) значително заостануваат зад просекот. Истото важи и за источните членки: Романија (12.655 евра), Бугарија (11.074 евра) и Унгарија (13.883 евра) се на дното. Турција (11.440 евра) е веднаш над Бугарија.

Од „големата четворка“ на ЕУ, Германија е во предност

Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, Германија има највисоки нето-приходи со 39.594 евра, а веднаш зад неа е Франција со 32.354 евра. Италија (24.797 евра) и Шпанија (24.571 евра) се под просекот.

Приспособување според куповна моќ

Кога ќе се земе предвид куповната моќ, нето-приходите се движат од 16.784 евра во Словачка до 40.948 евра во Холандија. Просекот на ЕУ е 28.906 евра.

Вклучувањето држави надвор од ЕУ повторно ја поставува Швајцарија на врвот со 48.331 евро според куповна моќ, а по неа е Норвешка со 38.712 евра. Холандија е на 3. место, а потоа следуваат Луксембург (37.630 евра) и Австрија (37.359 евра).

Овие бројки потврдуваат постоење на јасна поделба исток-запад кога станува збор за куповната моќ. Повеќето источни, балтички и балкански земји имаат значително пониски резултати. Португалија, иако географски западна, по куповна моќ е поблиску до источните држави, со вредност под 20.000 евра.

Разликите се намалуваат, но остануваат

Разликата меѓу највисоките и најниските годишни нето-приходи е повеќе од 4,5 пати (Луксембург и Бугарија). Кога ќе се приспособат според куповната моќ, разликата се намалува на 2,4 пати (Словачка и Холандија).

Од „големата четворка“, само Германија има куповна моќ над просекот на ЕУ.

Извор: Euronews.com

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Следно

Комисијата за заразни болести донесе препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица!

Latest from Blog

ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ

Иранскиот трилер „Тоа беше само несреќа“ ја освои Златната палма, најпрестижната награда на Канскиот филмски фестивал, чие 78. издание се затвори вечерва. Кејт Бланшет му ја додели наградата на режисерот Џафар Панахи,

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк нема да трае вечно како вашето судење

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седми „Марш за ангелите“. Учесниците на маршот

ИНСТАТ: Продолжува падот на бројот на население во Албанија

Во првиот квартал од годинава забележан е пад на населението во Албанија за 883 лица, бидејќи забележани се повеќе смртни случаи отколку родени, соопшти албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според податоците на
Go toTop